Со својот клавир ја смирил ситуацијата на плоштадот Таксим

Точка

13/06/2013

22:08

7.979

Големина на фонт

а а а

Една од главните теми во изминатите неколку денови се нередите во турскиот град Истанбул, па токму затоа, овој необичен настан привлекол огромно внимание како во Турција, така и во светот.

Имено, млад германски пијанист го донел својот клавир на истанбулскиот плоштад Таксим и токму таму, во центарот на демонстрациите, одржал неколкучасовен концерт кој успеал да ја промени атмосферата од напнатост во славење.



Така, дваесет и осумгодишниот Дејвид Мартело, заедно со турскиот музичар Јигит Узаталај пред насобраните демонстранти одржал концерт со кој ја подобрил атмосферата помеѓу преморените демонстранти.


Мартело инаку е пијанист роден во Италија и моментално тој е на светска турнеја, но застанал во Истанбул за да им ја искаже својата поддршка на протестантите.


Својот клавир на Таксим тој го донел само 24 часа по жестоките судири помеѓу полицијата и демонстрантите, а со помош на споменатиот музичар Узаталај, тој неколку часови изведувал комбинации од класични и актуелни песни, а снимките од концертот денес веќе се вистински хит на интернет сервисот Јутуб и на сите социјални мрежи.








Спонзорирани линкови

Маркетинг