Жерновски си заминал, седницата одложена за во четврток

Нетпрес

11/06/2013

10:30

1.094

Големина на фонт

а а а

По барање на советниците прекината е седницата на општина Центар, бидејќи градоначалникот Андреј Жерновски не присуствувал на истата.

Претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, седницата повторно ја закажа за во четврток со почеток во 10 часот, пренесува „Курир“.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараа седницата да биде прекината доколку градоначалникот Жерновски не присуствува на истата со образложение дека тоа е негова обврска и должност и дека како сериозен градоначалник треба да присуствува.

Жерновски без најава ја напушти седницата, а претседателот Шиповиќ го оправда градоначалникот дека не присуствувал на седницата поради состанок со архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кој е закажан за денес во 10 часот.

Инаку Жерновски седницата на советот ја напушти утринава околу 7 часот, оставајќи ги советниците сами. По цела ноќ работење, Жерновски ги остави советниците да работат уште, а тој ја напушти општинската барака.

Како совесен градоначалник, Жерновски требаше да бара распуштање на седницата и да ги ослободи советниците, но тој мислеше само на себеси.

Останува дилема дали на градоначалникот му требало време да се одмори пред закажаниот состанок со архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан па токму затоа ги оставил советниците сами да работат.

Поради неговото заминување седницата е прекината, па одложена за четврток.

Маратонската седница започна вчера и покрај противењето на граѓаните и масовните протести пред општината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг