Со само неколку состојки обичното пилешко претворете го во вкусно јадење.
Ако ви треба меко и сочно пилешко за салата или како додаток во тестенини, тоа ќе го постигнете на следниов начин:
Потребно:
● 1 до 4 пилешки гради без коска
● Сол и бибер
● ¼ шоља брашно
● 1 голема лажица свежи зачини по желба
● Маслиново масло
● Малку путер
Подготовка:
● Пилешкото исечете го на парчиња со иста големина и малку истолчете го со чук за месо, па малку посолете и забиберете.
● Малку бибер и сол измешајте со брашното во еден сад. Потоа секое парче пилешко извалкајте го во брашното.
● Загрејте маслиново масо во кое ќе го додадете парчето путер, па огнот намалете го на средна температура.
● Печете го пилешкото по една минута од секоја страна, за да добие златна боја, а потоа намалете го огнот, покријте ја тавата и оставете месото да се динста 10 минути.
Може да сервирате со свежа салата и прилог од ориз.
Добар апетит!