Вистински избор на облека за елегантниот маж

Точка

09/05/2013

13:00

5.372

Големина на фонт

а а а

Иако модата диктира различни бои секоја сезона, црно-белите комбинации се секогаш проверено добар избор за елегантниот маж.

Класични но секогаш во тренд, едноставни но ефектни, прикладни за секоја пригода и возраст, црно-белите комбинации одлично прилегаат на секоја големина и градба, даваат личен печат, единственост и префинетост, без разлика дали станува збор за важен состанок или деловна вечера.

Класична елеганција во црно

Софистицирана и шик, а воедно и едноставна и строга, црната боја е присутна во плакарот на секој маж, и истата одговара за најразлични поводи и прилики. Црната е секогаш избор кој останува забележан, а за уште подобар ефект добро е да се надополни со детали во друга боја.


Исто така добар избор претставува бела кошула со црно одело, без разлика дали е класичен или поспортски модел.

Вистинскиот начин за личниот стил да се издвои од масата, како единствен и елегантен, е доколку направите избалансирана и хармонична комбинација на белата и црната со некои поживи бои.

Страст за бели кошули

Комбинацијата бело-црно со детали во други бои е најдобар начин да се добие класичен изглед за маж, било да се работи за професионален амбиент, или да е во прашање некоја прослава или церемонија од кој било фомрален тип. Со малку креативност, белата кошула може да се носи со елегантно одело, но и со црни или светли фармерни. Дури и бела поло маичка со црна спортска јакна е секогаш актуелен избор за оние кои преферираат спортски но модерен изглед.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk