Улица или плоштад во чест на Тоше Проески и во Сараево

Точка

18/04/2013

16:25

1.325

Големина на фонт

а а а

На иницијатива на македонскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Рами Реџепи, со поддршката на сараевскиот градоначалник Иво Комшиќ, решено е една улица, дом на културата или плоштад да го носи името според трагично починатиот Тоше Проески.

Градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ, и амбасадорот на Македонија во Босна и Херцеговина, во средата се согласиле една улица, плоштад или културен дом во Сараево да наречат по трагично починатиот македонски пејач кој пак го соедни Балканот, Тоше Проески.


Македонскиот амбасадор ја покренал оваа иницијатива на средба која за него за организирал градоначалникот на Сараево, а Комшиќ го поддржал предлогот, истакнувајќи дека Тоше бил хуманитарец и пријател на Сараево.

Комшиќ и Реџепи разговарале за меѓусебна соработка, за плановите за развој на Сараево и Скопје, како и за развој на пријателските односи на главните градови на Босна и Херцеговина и на Македонија, кои се потврдени со Договорот за соработка на двата града од 2007 година, соопштено е од Управата на град Сараево.