Погледнете што се е потребно и како се прави овој рецепт за кој не е потребно да инвестирате премногу труд.
Состојки:
• бисквити
• рум
• малку млеко
Бел крем:
• 1 литар млеко
• 100 гр. пченкарно брашно
• 100 гр. шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 125 гр. путер
Кафеав крем:
• 500 мл. слатка хопла
• 200 гр. чоколда за готвење
Подготовка:
Најпрво на дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.
Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.
Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно. На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и готово!
Уживајте!