Монте торта: Десерт за кој не ви е потребна печка!

Точка

17/04/2013

14:38

6.629

Големина на фонт

а а а

За совршен десерт не ви се потребни часови поминати во кујната, доволни ви се само неколку состојки и шолја кафе со која ќе биде послужено парчето торта.

Погледнете што се е потребно и како се прави овој рецепт за кој не е потребно да инвестирате премногу труд.

Состојки:

• бисквити
• рум
• малку млеко

Бел крем:
• 1 литар млеко
• 100 гр. пченкарно брашно
• 100 гр. шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 125 гр. путер

Кафеав крем:
• 500 мл. слатка хопла
• 200 гр. чоколда за готвење


Подготовка:

Најпрво на дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.

Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.

Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно. На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и готово!

Уживајте!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk