На сите ни е јасно дека богатите го живеат животот на висока нога, но очигледно милијардерите или поточно потомците на милијардерите ги поставуваат новите граници на трошењето.
Имено, ќерката на рускиот милијардер Димитруја Риболовљева, дваесетитригодишната Екатерина го купила грчкиот остров Скорпиос на кој познатиот бродосопственик Аристотел Оназис се венчал со Џеки Кенеди во 1968 година.

Цената на трансакцијата не е објавена, но се смета дека станува збор за повеќе од 100 милиони долари. Екатерина веќе има и план за островот. Имено, таа планира островот да го претвори во работен центар, а не само во место за одмор и уживање.

На Екатерина островот и го продала внуката на Аристотел, Атина Онасис Русел, која e единствената 28-годишна наследничка.

На островот се погребани Аристотел кој починал во 1975 година, неговата ќерка Кристина која починала во 1988 година од срцев удар и неговиот син Александер кој починал на 25 години во сообраќајна несреќа, се погребани на островот.