Како да ги направите фризурите кои се секогаш во тренд?

Точка

13/04/2013

06:21

7.279

Големина на фонт

а а а

Исто како и во светот на модата, така и кога станува збор за фризурите нивното доаѓање и излегување од мода е неизбежно. Но, сепак, постојат неколку типа на фризури кои никогаш не го губат својот ИН фактор.

Доколку сакате да го оживеете гламурот и да направите нешто поразлично со вашата коса, тогаш овие фризури се решението за вас. Овие стилови кои успешно го минале тестот на времето се толку лесни , а сепак толку ефективни. Пробајте.

Конско опавче


Ова е интересна и брза фризура која со вистинските додатоци можете да ја носите во различни прилики. Додадете интересна врвца и добивате елегантна фризура за излегување. Играјте си и со висината на опавчето, одлучете дали ќе го направите со патец или без него, дали ќе се одлучите за мазно или разбушавено.

За оние со виткана коса препорачуваме да направат разбушавен реп, кој исто така може да се добие и со тапирање на косата. Одвојте ги прамените на врвот на косата и пополека истапирајте ги. Потоа измазнете го горниот слој и врзете го репот.



Шињон


И со оваа француска фризура можете слободно да си играте. Направете ја високо или ниско, на страна или на задната страна на главата. За обликување на совршен шињон натапирајте ја косата и ставете ја во реп, кој пота неколку пати ќе го завртите во облик на спирала. Зацврстете ја пунџата со шнолички и обавезно со лак за коса.



Брановиден Боб


Оваа романтична фризура ќе ги исцрта линиите на вашето лице. Се што треба да направите е на мокра коса да ставите малку пена за коса. Потоа ставете ја косата во витлери со средна големина и држете ги барем еден час и со фен исушете ги. На крај лесно со вашите прсти обликувајте ги локните и зацврстете со лак за коса.

Оваа фризура може да ја направаат и девојките со долга коса, а деталите ги има во следното видео...


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk