Корисниците на кои што "Galaxy Note 2" со екран 5,5 инчи не им е доволен, сега можат да ги одберат моделите од "мега" телефоните со дијагонала од неверојатни 6,3 инчи.
Компанијата Самсунг и официјално ја претстави "Мега" серијата на паметни телефони, а дел од неа е и најголемиот паметен телефон на пазарот на паметни телефони, а станува збор за "Mega 6,3" со екран од неверојатни 6,3 инчи. Најголемиот паметен телефон од оваа компанија досега беше "Note 2" со дијагонала од 5,5 инчи, па иако многумина го сметаа за преголем екран за телефон, но одличната продажба докажува дека постои голем интерес на корисниците за овие големи уреди.
Мега серијата на Самсунг вклучува два модели на паметни телефони, па така, освен телефонот со 6,3 инчен екран, претставен е и моделот со екран со дијагонала од 5,8 ичи, а и двата телефони, во однос на врвната понуда на оваа компанија, доаѓаат со послаб хардвер, односно станува збор за телефони од средна категорија, па токму затоа се очекува и поповолна цена во однос на уредите како што се "Galaxy S" и "Note".

"Galaxy Mega 6.3" работи со двојадрен 1,7GHz процесор и "Jelly Bean" верзија од оперативниот систем "Android". Телефонот има 1,5 гигабајти РАМ меморија, поддршка за "LTE" и задна камера со резолуција од 8 мегапискели, додека предната камера од 1,9 мегапискели е наменета за видео разговори. Овој телефон ќе биде достапен во две верзии од 8 и 16 гигабајти меморија, со можност за дополнително користење на мемориски картички со капацитет од 64 гигабајти.

"Galaxy Mega 5.8", освен помал екран со помала резолуција од 540x950 пиксели, овој телефон има и послаб процесор во однос на поголемиот модел, па така тој работи на двојадрениот 1,4GHz процесот и има само 8 гигабајти работна меморија, но постои можност за користење на мемориска картичка.

При претставувањето на овие телефони, извршниот директор на компанијата Џеј Кеј Шин изјавил дека Самсунг го препознал потенцијалот во големите екрани кои што овозможуваат удобно прегледување на мултимедијалните содржини и интернет страниците, па токму затоа следи и оваа одлука за проширување на својата понуда на паметни телефони со големи екрани, се со цел корисниците да имаат поголем избор на пазарот.

Цената на овие телефони се уште не е позната, а на пазарот на некои европски земји би требало да се појават веќе во текот на следниот месец. На оние корисници за кои што екранот од 6,3 инчи не им е доволен голем, наместо паметни телефони, може да одберат некои од таблетите со кои што можат да се обавуваат и телефонски разговори, а таков е таблетот "Samsung Galaxy Note 8".