Поранешната италијанска порно ѕвезда Чичолина, чие вистинско име е Илона Сталер, ќе учествува на изборите за локалната власт во Рим, објави весникот “Кориере дела сера“, пренесува Нетпрес.
Чичолина е кандидат на италијанската Либерална партија на изборите кои се планирани да се одржат на 26 и 27 мај, годинава.
Како што е веќе познато, во минатото порно ѕвездата беше пратеник во италијанскиот парламент во еден мандат. Во 2011 година, пак, доби право на пензија во износ од 3.000 евра месечно. Исто така, Чичолина беше основач и на италијанската Партија на љубовта.
Таа претходно се кандидираше и за градоначалник на Монца, а потоа и на Милано, но двата обиди и завршијa несупешно.
За време на американската инвазија на Ирак, таа јавно му понуди на Садам Хусеин да спие со неа во замена за ослободување на странски затвореници од ирачките затвори, и да им овозможи на меѓународни експертски тимови да проверат дали земјата поседува оружје за масовно уништување.