Споменици на војводите Узунов и Чакаларов во центарот на Скопје

Точка

08/04/2013

12:25

5.134

Големина на фонт

а а а

Споменици на војводите Христо Узунов и на Васил Чакаларов денеска се поставени наспроти „Мекдоналдс“ и на кружниот тек кај Католичката црква во центарот на Скопје.

Христо Димитров Узунов е роден во Охрид на 22 февруари 1878 година е македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание. Загинал на 24 април 1905 година во Цер со четата опколен од турската војска.


Васил Чакаларов (1874 - 1913) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.


Две скулптури како седат на стол, се поставени и од двете страни на Порта Македонија, а уште една во Жена-парк.


Нови споменици се поставени и кај зградата на МЕПСО, како и на мостот „Око“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг