Како правилно да ја чувате вашата облека

Точка

05/04/2013

19:49

7.010

Големина на фонт

а а а

Жените се познати шопинг зависници и ретко која од нас може да одолее на лудиот свет наречен мода или пак спектакуларниот изум наречен "ПОПУСТ". Сепак доколку навистина сте големи љубители на облеката и модата во целина, треба да обрнете големо внимание како ги складирате вашите омилени парчиња.

Доколку правилно и уредно ја чувате вашата облека, можете да придонесете за продолжување на нејзиниот животен лек.


Поголемиот број на жени едноставно не можат да им одолеат на чевлите, па често се случува да ги купуваме во огромни количини и потоа се соочуваме со проблемот за нивно чување и складирање.


Дури и најквалитетните обувки можат да бидат уништени доколку не водите грижа за нив и не ги чувате правилно. Немојте да го одлагате чистењето на чевлите. Штом се валкани, исчистете ги, а посебно внимание обрнете на потпетиците.


Облеката чистете ја само со средства кои се компатибилни со материјалот на истите. Во ормарот ставајте ги внимателно, доколку ја складирате облеката внимателно здиплете ја и складирајте ја во цврсти кутии. Доколку немате кутии водете грижа облеката да не се допира, како и да стои во правилна позиција.


Внимавајте и на тоа кое парче облека може да стои закачено на закачалка, а кое мора да биде здиплено. За оние фустани или капути кои висат во вашиот ормар, а кои не ги носите често, погрижете се да бидат покриени со вреќа или кеса, со цел да ги сочувате.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk