На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ наскоро ќе биде отворен конфучио Институт откакко детаљите беа договорени меѓу скопскиот Универзитет и Универзитетот во Ченгду, Кина.
Висока делегација на кинескиот универзитет престојуваше во петдневна посета на УКИМ при што беа одржани неколку работни состаноци, информираат од УКИМ.
Во присуство на претставник на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија беше потпишан Меморандум за третата фаза за отворање на Институтот помеѓу Универзитетот во Ченгду и УКИМ. Со овој Меморандум се утврдени сите завршни активности за отворањето на Конфучие Институтот во Македонија. Исто така, конституиран е мешовит Управен одбор на Конфучие Институтот, а за негов претседател е избран ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски.
Отворањето на Конфучие Институтот се предвидува да се одржи во текот на септември оваа година.