Каква мајка – таква ќерка: Ајрленд Бесинџер тргнала во стапките на мајка си Ким

Точка

12/03/2013

12:32

8.507

Големина на фонт

а а а

Ајрленд Болдвин, ќерката на оскаровката Ким Бесинџер и Алек Болдвин, тргнала по стапките на својата славна мајка.

На Твитер се пофалила дека потпишала договор со престижната модна агенција ИМГ, во која кариерата ја започнале познатите модели како Кејт Мос и Кристи Тарлингтон.

„Официјално работам за Two Management и модната агенција IMG. Благословена сум и среќна“ – напишала на Твитер.

Нејзината мајка Ким Бесинџер беше успешен модел на Форд пред да ја започне актерската кариера и да се прослави со улогата на Бонд девојка во филмот „Never Say Never Again“.



Ајрленд се нашла во центарот на вниманието на јавноста во 2002 година, кога актерскиот пар се разведе после девет години брак и водеа долготрајна битка за старателството. Јавноста тогаш дозна дека Алек во говорна порака која излезе во јавност во 2007 година ја нарекол ќерка си „непристојна, незаинтересирана мала свиња“.

Сепак, таа денес е во добри односи со својот татко, а ја прифатила и неговата нова сопруга Хиларија Томас.