Џиновскиот исопод од јапонскиот аквариум Тоба, познат по името "Бр.1" последен пат јадел на втори јануари 2009-тата година, односно пред повеќе од 1500 денови.
Ова џиновско животно, сродно на раковите, но и на инсектите кои живеат во ладните води на дното на Атлантскиот и Тихиот океан, се храни со остатоците од умрените организми. Последен пат изел голема риба, и тоа за помалку од 5 минути. Од тогаш, поминале 4 години.
Овој долг период на гладување го загрижува чуварот на аквариумот Такају Моритаки, кој тврди дека се обидел со се', да го натера животното со седум пара нозе и две вилици, нешто да јаде. За ова гладување, известил дури и "Japan Times".
Животното игнорирало вкусни парчиња риба, кои му стоеле под носот. Кога чуварот ќе му станел здодевен, се правел дека јаде. И покрај диетата, делувал здраво, но Моритаки тврди дека животното било ослабено.
Фактот што упорно одбива храна, научниците го објасниле со тоа дека во организмот веројатно има резерви на енергија, кое ова животно подолго од половина метар, ги чува во својот црн дроб во вид на масти.
Бидејќи не можат да знаат кога следен пат ќе јадат, исоподите ја штедат својата енергија, така што постојано живеат во полухибернација, односно силата ја трошат само на најнеопходните процеси, како што е дишењето.
Како и да е, се чини дека "Број 1", не јаде затоа што сеуште не огладнел.