Бугарскиот парламент ја прифати оставката на владата

Нетпрес

21/02/2013

14:31

856

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот парламент ја прифати оставката на владата по низата насилни протести поради високите сметки за електрична енергија, со што е отворен патот за предвремени избори во најсиромашната членка на Европската унија, кои може да бидат одржани уште во април.

Откако пратениците гласале за прифаќање на оставката на владата, претседателот Росен Плевнелиев од трите најголеми партии во парламентот ќе побара да формираат влада која ќе ја води земјата до изборите кои првобитно требало да се одржат во јули.

Но, партијата на сега веќе поранешниот премиер Бојко Борисов и опозиционата социјалистичка партија не биле заинтересирани да учествуваат во преодната влада, што би значело дека изборите може да бидат закажани уште во април.


Спонзорирани линкови

Маркетинг