Почнаа внатрешните судири во СДСМ

Нетпрес

21/02/2013

12:53

1.721

Големина на фонт

а а а

По неколкудневен молк прв отворено против партиските политики проговорил градоначалникот на Струмица, пишува неделниот магазин “Република“ повикувајќи се свои извори во СДСМ.

Според информациите на “Република“, внатрепартиска кампања за расчистување на актуелната позиција на партијата повеле струмичкиот градоначалник и потпретседател на СДСМ Зоран Заев, која сметал дека актуелната политика на неговата партија е погрешна.

Заев, како што пишува магазинот, бил на повеќе средби со претставници на меѓународната заедница.

Тој од лидерот на партијата Бранко Црвенковски барал тој да не купува повеќе време туку да направи темелна промена на позициите на опозицијата и да се откаже од сите ултиматуми за учество на локалните избори. Ваквниот нов став да биде соопштен јавно и тоа без одлагање, а за возврат да бараат итна промена на законите со кои во последен момент би фатиле приклучок за учество на локалните избори.

Заев го обвинил лидерот дека не успеал со ниту еден потег да го надмудри Груевски и побарал СДСМ јавно да се откаже од сите позиции кои не вродиле со плод за да може да се спаси барем малку од честа на партијата.

“Република“ пишува дека Заев на Црвенковски му понудил две опции, доколку на Црвенковски му е срам јавно да признае дека згрешил тој да излезе во јавност со новите ставови и планови на СДСМ или пак Црвенковски да си даде неотповиклива оставка по што сегашното или некое ново раководство да се повеле од сите уцени и да побара приклучок на локланите избори. Наводно Заев на својот партиски шеф му рекол дека ако тој пропаѓа како политичар не е фер целата партија да ја води со себе во бездна.

Црвенковски, според изборите на магазинот, на зборовите од Заев одговорил со потсетување дека токму тој го спасил до затвор за милиони евра вреден криминал и дека без него како кохезивен фактор партијата ќе се подели на повеќе фракции. Заев на ова пак одговорил дека е благодарен, но дека не може целата партија да биде заложник на политика која тргнува од личниот интерес и фрустрациите на Црвенковски и дека за се’ има граница.

“Република“ најавува продолжение со детали од разговорот меѓу Заев и Црвенковски.


Спонзорирани линкови

Маркетинг