Во еден забавен парк во Кина минатиот викенд владеел невиден метеж што го предизвикал најлошиот семафор на светот што во исто време покажува 14 различни сигнали.
Туристичката област Јангрен Ји во Чонгквинг во Кина позната е по необични атракции и извртени имитации на познатите градежни објекти како и по најголемиот тоалет на светот, поради што привлекува голем број на туристи.

Но, една од атракциите што е поставена на крстосница што се наоѓа во паркот предизвикала вистинска конфузија, бидејќи се работело за многу бизарен семафор.
Семафорот што се наоѓал на крстосницата со четири правци истовремено покажувал 14 различни светлосни сигнали и секој покажуал различен правец и тоа во исто време и не се знае за кого е црвено, а за кого зелено.

Овој семафор ги збунува и локалните жители, а еден од сообраќајците им советувал семафорот тотално да го игнорираат.
“Овој семафор служи само како украс, бидејќи без него крстосницата изгледаше празно. Кога ќе падне ноќ сите светла на семафорот изгледаат баш убаво, но возачите треба само да ги игнорираат“, изјавил еден локален сообраќаец.