Покрај толку шминка и гламурозни облеки, славните личности изгледаат беспрекорно, па секој би помислил дека тие се совршени, односно дека немаат никакви мани... Но, дека тоа не е така доказ е и самата изјава на американската aктерка Џенифер Лоренс, која што со јавноста ја споделила својата најголема физичка мана.
Имено, актерката Џенифер Лоренс изјавила дека открила дека има нееднакви гради. Лоренс, која што моментално се заздравува од воспаление на белите дробови, објаснила дека тоа го забележала по посетата на доктор.
"Бев кај докторот. Морав да направам рендгенско снимање на белите дробови и тогаш открив дека имам нееднакви гради. Тоа е единственото нешто што го видов на снимката. Мислам дека белите дробови ми беа во ред. Стоев пред докторите кои што ги гледаа снимките, па морав и нив да ги прашам дали градите ми се нееднакви", изјавила актерката.
Џенифер Лоренс додала и дека: "Докторите беа по малку збунети од тоа непријатно прашање. Сепак, одлучив да ја истражам ситуацијата до крај. Еден од докторите ми рече дека ќе ме контактира радиолог поради резултатите од снимките на белите дробови, а јас едноставно не можев, а да не го прашам и него дали се е во ред со моите гради", изјавила Лоренс за време на гостувањето во емисијата "Jimmy Kimmel Live".
Меѓутоа, Лоренс објаснила дека нееднаквоста не ја забележала се додека не ги погледнала снимките. "Се надевам дека никој, никогаш нема да ги види тие снимки", изјавила Лоренс.
Во текот интервјуто Лоренс кажала и дека е расположена за пиење, па продуцентите ја почестиле со две текили, а подоцна испила и пиво. По емисијата, актерката и се извинила на својата мајка поради сето тоа.
За гостувањето во шоуто актерката облекла жолт тесен фустан без ракави, а својот изглед го надополнила со гламурозни високи потпетици и дискретна шминка, а во студиото дошла облечена во фустан во небесно сина боја.