Во Ријека пронајдени ТНТ од Втората Светска Војна

Нетпрес

01/02/2013

09:42

1.003

Големина на фонт

а а а

Работниците на една градежна фирма која поправала улица во Нови Винодолски на длабочина од два метри пронашле минско-експлозивни средства од Втората Светска Војна.

Одделот на експлозиви од хрватската полиција потврдил дека станува збор за ТНТ на германскиот производител “Sprengkorper 28“. Тие откопале 108 парчиња експлозив по 200 грама.

Од полицијата велат дека експлозивот ќе биде уништен.

Предходно сандак со експлозиви беше пронајден во Сплит.