Голем пожар ја зафати Главната пошта во Скопје

Точка

15/01/2013

17:03

12.495

Големина на фонт

а а а

Голем пожар ја зафати Главната пошта во Скопје која се наоѓа во центарот на градот.

Од зградата се шири многу голем чад, а на лице место веднаш пристигнале пет противпожарни и едно амбулантско возило. Бројот на противпожарни возила постојано се зголемува, а пожарникарите и полицајците се обидуваат да спасат се' што има внатре во поштата.

Пожарникарите со сите сили и средства се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој се повеќе се разгорува.

Од полицијата велат дека засега немаат информации за повредени или жртви.

Во овој момент немаме подетални информации за тоа како настанал пожарот, но имаме репортери на терен кои навремено ќе ве информираат за развојот на настаните и за причините за пожарот.











Спонзорирани линкови

Маркетинг