Нов вид на риба во Јадранското море - опасна по животот на луѓето

Нетпрес

06/11/2012

11:05

12.491

Големина на фонт

а а а

Природнонаучниот музеј во Дубровник соопштил дека рибата која ја уловило семејството на Мирослав Палунка покрај островот Јакљана била досега незабележан вид во Јадранското море, а станува збор за рибата Lagocephalus sceleratus (Gmelin 1789.).

Примерокот, како што се наведува, е долг 66 сантиметри и тежок 3,5 килограми, а припаѓа на семејството Tetraodontidae.

Од 2003-тата година повеќе пати е забележана неговата појава покрај крајбрежјето на источното Средоземје и во Егејското море.

Рибата претставува потенцијален ризик за човековото здравје, бидејќи нејзината кожа и внатрешните органи содржат тетродоксин, кој може да го парализира нервниот и респираторниот систем.

И покрај тоа, во Јапонија, Египет и Турција се смета за деликатес и илегано се продава.

Примерокот кој беше уловен во Јадранот е подарен на Природнонаучниот музеј во Дубровник и е сместен во Ихтиолошката збирка.