Автобиографијата на славниот шведски фудбалер влезе во конкуренција за најпрестижната книжевна награда во Шведска.
Автобиографијата на Златан Ибрахимовиќ со име ,,Јас сум Златан Ибрахимовиќ’’ ја напиша шведскиот новинар Давид Лагеркрантс строго воден од упатствата на одличниот фудбалер. Денес оваа книга се најде во конкуренција на шест книги од кои една ќе биде наградена на церемонијата на 26. ноември.
Жири комисијата ја опиша книгата на Ибрахимович како ,,прецизна нарација која што остава траен впечаток’’ и како ,,чуствителен и остар опис кој го води читателот од трибините на тревникот, во светот на Златан’’. Инаку автобиографијата на Ибрахимовиќ е објавена во ноември 2011 година, а во Шведска веќе е продадена во повеќе од половина милион примероци и е една од најпродаваните книги на сите времиња во оваа земја.