На 26.10.2012 година во Универзалната сала, во организација на продукциската куќа “Green Entertainment”, ќе се одржи национален избор на евергрин композиција на Македонија на кој граѓаните ќе имаат можност да изберат македонска евергрин композиција „на сите времиња”.
Со реализација на проектот ќе се потполни еден недостаток во областа на културата, бидејќи Македонија е една од ретките земји кои не го заокружиле сопствениот творечки опус во некои сегменти од културата и уметноста (музички, филмски, естетски) на подолг период (во вид на публикација, манифестација и слично).
“Македонија е земја која заслужува и може да заокружи една целина на нешто што е премногу експонирано во последните пет децении, а тоа е македонската забавна мелодија“, вели Сања Ѓошевска - дипломиран музичар теоретичар и педагог, менаџер на продукциската куќа “Green Entertainment”.
Таа објаснува дека директно, преку реализација на проектот, македонската јавност и публика ќе имаат можност да “запловат“ низ најуспешните (100-тина) рефрени од почетоците на македонска забавна мелодија до денес.

„Севкупната македонска јавност ќе ја избере најслушаната композиција во последниот половина век, односно ќе даде свој придонес во овековечување на „македонскиот евергрин“ за првите 50-тина години од постоењето на македонската забавна мелодија“, вели Душко Ѓошевски, проект менаџер на манифестацијата 50 години “Евергрин МК”.
Според уметничкиот директор, Драган Б. Костиќ, проектот ќе претставува една заокружена содржинска целина и со издавање на публикација непосредно врзана со самиот настан „АНТОЛОГИЈА на македонската забавна мелодија“. Во самата публикација детално ќе се опишат композициите, мотивите за нивното создавање, времето во кое биле создадени и авторите кои се главните „виновници“ за настанување на овие евергрин композиции.
Тој додава дека со ваквиот јавен културно-уметнички и едукативен проект најмногу ќе се придонесе за подобар и правилен пристап и развој на квалитетната музика во Македонија, оставајќи видни траги на трајните вредности за идните поколенија.

Избор на најслушана композиција
Најслушаната забавна композиција во изминатите 50 години ќе имаат можност да ја изберат граѓаните на Република Македонија, со гласање кое ќе се врши по пат на СМС пораки, а композициите ќе бидат објавени во македонските медиуми.
На почетокот на кампањата ќе бидат објавени 100 композиции. По пат на негативна селекција, преку изборот на граѓаните, ќе се селектираат по 20 песни. На овој начин, во текот на еден месец, по пат на негативна селекција ќе останат ТОП 20 композиции. Тие ќе бидат изведени на гала вечерта која ќе се одржи на 26.10.2012 во Универзалната салa, каде повторно, по пат на гласање преку СМС, граѓаните ќе изберат Евергрин композиција „на сите времиња”.