Фантастична градина на кровот на 25-катна зграда

Точка

30/05/2012

13:57

6.186

Големина на фонт

а а а

Зградата од 25 ката во Сиднеј го има најуникатниот кров, односно градина.

Имено, таму се наоѓа вистинска мала оаза од која имате прекрасен поглед кон градот.

Малиот рај на земјата го дизајнирале Secret Gardens и создале место за бегство од секојдневните обврски и проблеми.

На станарите им е доволно да се качат на врвот на зградата и да уживаат.

Така зелениот тревник е исполнет со многу растенија, а дел од градината е поплочен и има маса и столици. Покрај масата, на сите четири страни се поставени и дрвени клупи.

Со уште неколку ситници оваа градина може да биде одлично место за помали забави и прослави, а се чини дека единственото нешто што и недостасува е еден базен за во жешките денови.