Првиот сингл од “Новиот албум” на Слаткаристика “Олабави ме!” со својата видео приказна денес официјално ќе излезе во етер.
Спотот кој го режираше Огнен Шапковски ќе биде промовиран за прв пат на новата, официјална Веб страна на Слаткаристика ( www.slatkaristika.mk). Во иднина на неговиот персонален сајт ќе протекуваат ексклузивни информации за настапите и новостите на артистот. Со овој видео запис се најавува излегувањето во продажба на “Новиот албум” кој го издава тимот на Иноватива и Јованов рекордс.
Спотот за “Олабави ме” свoјата премиерна ТВ промоција ќе ја има во понеделник (21 мај) истиот ексклузивно ќе се прикажува на естрадниот магазин „Бекстејџ“ на ТВ Сител .
Видео приказната е составен дел од инспирацијата на Марко Марниковиќ – Слаткаристика, за истата да биде успешна со своето учество допринесоа околу 200 статисти кои неуморно и одлично се снајдоа во целодневното снимање на видеото.
"Ми се свиѓа стварно како изгледаш, немој да мислиш дека сакам да те е***, едино сакам муабет да направиме, - Извини, дечко те молам олабави ме!" – е составен дел од текстот на композицијата „Олабави ме!“, за да ја доживеете целата приказна погледнете го новото видео на Слаткаристика.