Пронајдена со главата надолу, а од носот и течело крв

Точка

05/04/2012

10:42

3.643

Големина на фонт

а а а

Контроверзиите околу смртта на Витни Хјустон продолжуваат.

Според известувањето кое е објавено пред неколку дена Витни Хјустон умрела поради давење кое се случило од неколку причини: болести на срцето, кокаин и метаболити во крвта.

Но, според пишувањето на американските медиуми, обдукцијата покажала уште нешто. Витни ја пронашла нејзината асистентка, а била свртена со лицето надолу и од носот и течело крв. Полицијата на местото на несреќата пронашла шишиња од алкохол и лекови расфрлани по собата.

Во бањата пепелникот бил полн со цигари, а најдена била и лажица со кристална супстанца, и поради тоа се сомневаат дека се предозирала.

Освен кокаинот и метаболитите, во телото на пејачката докторот пронашол и траги од марихуана, антидепресивот Xanax, лек за опуштање на мускулите Flexeryl и лекот Benadryl, иако тие не допринеле за нејзината смрт.