Нов спот на Некст Тајм: Песната „Лице од рај“ го доби заслуженото видеоиздание

Точка

29/03/2012

11:16

4.451

Големина на фонт

а а а

Дуото Некст Тајм го сними спотот за песната „Лице од рај“ која е дел од нивниот последен албум “На крајот од денот”.

Видеозаписот се работи со Томато продукција и се снима неколку денови на повеќе локации во Скопје, меѓу кои се најдоа приватниот, луксузен стан во Карпош 4, плоштадот на град Скопје како и Триумфалната порта. Станува збор за урбана приказна во која главната хероина е преубавата Ангела Поповска, манекенка од модното студио Моделс ИН, која за прв пат се појавува во музички запис на македонски ѕвезди.



Желбите на нашите фанови од секогаш сме ги ставале на листата на приоритети и никогаш не остануваме рамнодушнина нив. Веќе подолго време добивавме пораки на Facebook и мејлови преку кои нашата верна публика не охрабруваше за нов спот и не убедуваше дека песната Лице од рај е онаа вистинската која заслужува свој видеозапис. Овој спот е всушност одговор на нивните барања. Се надеваме дека нивните реакции ќе бидат позитивни, затоа што, сé што правиме во нашата музичка кариера правиме од љубов и почит кон нив. Секој нов видеозапис за нас значи чекор поблиску до посакуваната цел, да ја направиме среќна и да ја наполниме со позитивни вибрации нашата драга публика. – изјавија Стефан и Мартин од Некст Тајм.



Новитет кај ова дуо, не е само спотот за песната Лице од рај кој се очекува да биде готов многу наскоро. Во понеделник на 02.04.2012 година во 21:30 часот на МТВ, ќе имате можност премиерно да ја погледнете life сесијата на овој бенд, која се снимаше во студиото 3 на МТВ. Сесијата е изработена со тимот на Македонската Радио Телевизија и е заеднички проект на бендот и МТВ, а е изработена со 6 камери од македонската телевизија дополнети со уште 3 апарати како надворешна поддршка. Сесијата е изработена во HD. Освен тимот на МТВ, во пресрет на дечките излегоа и неколку надворешни соработници, монтажата ја правеше Владимир Миревски Ѓуле, како тон мајстор се најде Ѓени, а продукцијата на звук ја направија Мартин и Стефан од Некст Тајм. На овој проект целиот тим беше посветен извесен период и на него се работеше темелно и со многу трпение. Поради тоа, вакво нешто македонската публика ќе има можност за прв пат да види - проект кој изгледа светски, а сепак македонски.









Спонзорирани линкови

Маркетинг