Грабежот во златарница во Куманово, однесен златен накит

Макфакс

28/11/2026

16:00

312

Големина на фонт

а а а

Во Куманово е извршен грабеж во златарница каде неколку сторители насилно влегле и одзеле златен накит. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на виновниците, а Регионалната занаетчиска комора повикува на поголема безбедност и брзо расчистување на случајот.

Ново видео го прикажува грабежот во златарницата на улицата „11 Октомври“ во Куманово, каде што неколку лица насилно влегле во објектот и одзеле разновиден златен накит.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 27 ноември во 12:32 часот. Златарницата е во сопственост на 55-годишен жител на Липково, а сторителите со употреба на сила и погоден предмет ја отвориле вратата и влегле во објектот. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање и расчистување на случајот.

Грабежот го осуди и Агрон Фазлији, претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија. Тој посочи дека златарницата, во сопственост на мајсторот Абдулрахим, работи 30 години и дека грабежот претставува тежок удар за семејството кое со долгогодишна чесна работа го градело својот бизнис.

Фазлији побара од полицијата и обвинителството итно да го расветлат случајот и да ги пронајдат одговорните, но и да преземат конкретни мерки за поголема безбедност на занаетчиите и стопанствениците.

„Секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место“, порача Фазлији, изразувајќи солидарност со семејството на ограбениот златар.