Пратениците на СДСМ и коалицијата побараа итна седница на Собранието заради случајот со жена од Гостивар која по семејно насилство завршила во животозагрозувачка состојба. На седницата ќе се разгледува постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и заштитата на жртвите.
По случајот со жената од Гостивар, која по пријавено семејно насилство беше донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба, пратениците на СДСМ и коалицијата побараа итна седница на Собранието.
Тие поднеле барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика седница на која единствена точка на дневниот ред ќе биде постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство, како и заштитата на жртвите.
„Уште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Доста е институционален молк и непреземање одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата бараат институциите да го отворат прашањето за нивното постапување во случаите на семејно насилство и за мерките што ги преземаат за навремена заштита на жените жртви на насилство.







