Земјотрес од 4 степени ја потресе Грција, почувствуван и во Битола и Охрид

Макфакс

28/11/2026

11:11

321

Големина на фонт

а а а

Денес утрото беше регистриран земјотрес со јачина од 4 степена според Рихтеровата скала кој имаше епицентар во Грција, но беше почувствуван и во делови од Македонија, вклучувајќи ги и градовите Битола и Охрид.

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Грција, а потресот бил почувствуван и во Македонија.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 8:47 часот, со епицентар на 140 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места, со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, со што ќе придонесат во сеизмолошките истражувања.