Град Скопје најави дека на 1 декември почнува пријавувањето за новогодишниот натпревар, во кој годинава има четири категории.
Граѓаните можат да се пријават за најубаво украсен двор на куќа, тераса на стан или деловен и угостителски објект. Четвртата награда е за средношколски расказ на тема новогодишни желби и празнувања.

Празнични светилки во Скопје, архивска фотографија од 2009 година. Фото: Stephan Plepelits / Wikimedia Commons, CC BY-SA 2.0
За категориите за украсување, Градот бара фотографии од украсениот простор и податоци за контакт на сопственикот. Пријавите може да се испратат по електронска пошта или по пошта на адресата на Градот, булевар „Илинден“ бр. 82. При испраќање по пошта треба да се наведе назнаката на манифестацијата.
Градот ќе ги избере и награди најдобрите во секоја категорија. Целосните упатства за пријавување се во објавата на Град Скопје.







