Невремето во САД остави над 800.000 домови и деловни објекти без струја

Точка

27/11/2026

15:50

102

Големина на фонт

а а а

Силниот ветер и поплавите го нарушија празничниот сообраќај, а во Њу Џерси беше прогласена вонредна состојба.

Невремето што во четвртокот погоди делови од САД остави над 800.000 домови и деловни објекти без електрична енергија и го наруши сообраќајот за Денот на благодарноста, објави Асошиејтед прес.

Поплави во Њу Џерси, архивска фотографија од 1999 година

Поплави во Њу Џерси, архивска фотографија од 1999 година. Фото: Andrea Booher / FEMA / Wikimedia Commons

Во Њу Џерси беше прогласена вонредна состојба. Поплави беа пријавени на делови од источниот брег, а временските услови доведоа и до доцнење и откажување летови.