Полска потпиша договор со „Палантир“ вреден околу 300 милиони долари

Точка

27/11/2026

15:30

138

Големина на фонт

а а а

Договорот е на пет години и предвидува набавка на софтвер со вештачка интелигенција.

Полска потпиша петгодишен договор со „Палантир технолоџис“ вреден околу 300 милиони долари, објави Ројтерс, повикувајќи се на полскиот министер за одбрана.

Варшава, архивска фотографија

Варшава, архивска фотографија. Фото: Xtumech / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Со договорот Полска набавува софтвер со вештачка интелигенција за поддршка при одлучувањето на воените команданти. Министерството за одбрана претходниот ден најави дека потпишувањето е предвидено за петок.