Машката нега е дел од обичниот ден, од утринското миење на лицето до туширањето по тренинг. Некому му е важна негата на брадата, друг редовно се бричи, а изборот на производи зависи и од потребите на кожата и косата. Во рамките на ноемвриската кампања за машкото здравје, под мотото „Добриот стил започнува со грижата за себе“, dm ја отвора темата за секојдневната хигиена и личната нега како дел од здравиот начин на живот. Во понудата се достапни производи што можат да се вклопат во утринската рутина, подготовката за работниот ден или негата по физичка активност.
По тренинг, туширањето и пресоблекувањето во чиста облека се дел од грижата за кожата. Корисно е во торбата однапред да се подготват сопствена крпа, чиста маица, чорапи и долна облека. По туширањето, кожата се суши со чиста крпа.
За негата на косата, во понудата е Schauma For Men шампонот, 400 мл, по цена од 169 денари. Формулата содржи екстракт од хмељ и е наменета за чистење и нега на машката коса, а воедно придонесува за зајакнување на влакното и природен волумен. Во составот се вклучени и хидролизиран протеин од соја и масло од јојоба. Формулата е веган и без силикони, а шампонот е наменет за редовна употреба.
Секојдневната хигиена ја надополнува и изборот на дезодоранс. Dove Men+Care Clean Comfort, 150 мл, по цена од 185 денари, е антиперспирант во спреј со свеж, дискретен мирис. Овој производ нуди заштита од потење и непријатен мирис до 48 часа. Формулата содржи состојки за нега на кожата на пазувите и е без етилалкохол. Пред употреба, пакувањето се протресува, а спрејот се нанесува на чисти и суви пазуви од растојание од околу 15 сантиметри.
За мажите што претпочитаат рол-он, достапен е alverde MEN Rough Nature, 50 мл, по цена од 125 денари. Овој дезодоранс има дрвенесто-зачинет мирис и формула со биоекстракт од кедрово дрво, биоалое вера и растителен глицерин. Припаѓа на сертифицирана природна козметика, има веганска формула и не содржи алуминиумски соли. Според производителот, обезбедува дезодорансна заштита до 24 часа, додека состојките за хидратација придонесуваат за негувано чувство на кожата.
Бричењето е уште еден дел од рутината во кој подготовката има значење. Навлажнувањето на кожата и влакната, нанесувањето пена или гел и бричењето во насоката на растење на влакната можат да помогнат да се намали иритацијата. По употреба, бричот треба да се исплакне и да се остави да се исуши.
За овој дел од негата, во dm е достапен Gillette ProGlide Flexball бричот со двa патрони, по цена од 799 денари. Патроните имаат пет сечила, а технологијата FlexBall овозможува подвижност на главата за следење на контурите на лицето. На задната страна има прецизен тример за оформување на бакенбардите и брадата, како и за потешко достапните делови под носот. Ергономската дршка е наменета за удобно држење и контрола при бричењето.
И кожата под брадата има потреба од редовно чистење и хидратација. REVUELE MEN CARE негата за лице и брада, 80 мл, по цена од 199 денари, е дневен хидратантен лосион со лесна текстура. Формулата содржи глицерин и уреа, како и пантенол и алантоин, а според описот на производот, се нанесува без да остава масни траги. Покрај негата на кожата, може да се користи и при обликување на брадата. Се нанесува со дланките и рамномерно се распределува на лицето, вратот и брадата, која потоа може да се обликува со чешел.
Дел од рутината е и одржувањето на приборот. Крпите и облеката за тренинг се перат по употреба, а личните предмети, како бричевите и крпите, се користат индивидуално. Подготовката на чистата опрема однапред помага сè да биде при рака за следниот тренинг.
Со ноемвриската кампања за машкото здравје, dm ги охрабрува мажите да одвојат време за себе и во секојдневниот распоред. Личната нега може да се вклопи во утринското подготвување, по тренинг или навечер, со производи избрани според сопствените потреби.












