Со закана од остар предмет и го одзел паричникот во угостителски објект: уапсен тетовец

Макфакс

27/11/2026

14:00

72

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, лице е уапсено поради одземање на паричник со закана со остар предмет во угостителски објект. При апсењето бил пронајден нож на расклопување и лицето е задржано во полициска станица.

Синоќа во 20:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.С.(40) од Тетово.

Според пријавеното, околу 18:20 часот во угостителски објект во Тетово, тој со закана со остар предмет ѝ го одзел паричникот на Ш.М.(55) од Тетово.

Кај него бил пронајден и одземен нож на расклопување и бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.