Се лизнал и паднал пред паркиран трактор кој се придвижил и го прегазил

Макфакс

27/11/2026

13:40

175

Големина на фонт

а а а

Во скопското село Ново Село, 75-годишен маж паднал пред паркиран трактор кој непланирано се придвижил и го прегазил, при што добил тешки повреди и е пренесен во клиниката „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расветлување на инцидентот.

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, М.К.(75) се лизнал и паднал пред паркиран трактор, кој притоа се придвижил и го прегазил.

М.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани биле тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.