Актерката Мила Кунис од 2015 година е во хармоничен брак со колегата Ештон Кучер, а заедно се многу подолго. Тие имаат две деца – Вајат и Димитриј, а нивната љубовна приказна започнала уште во 2012 година.
Се запознале на снимањето на серијата „Луди седумдесетти“, а како што актерката неодамна открила во поткастот „Let’s Talk Off Camera with Kelly Ripa“, таа година на доделувањето на Златните глобуси почнала да го гледа со сосема поинакви очи.
„Го погледнав за прв пат по којзнае колку години и си помислив: „Гледај, па тој всушност е згоден“ рекла Кунис.

По доделувањето останале во контакт, а кога се вселувал во новата куќа, Ештон ја повикал Мила имајќи на ум да ја спои со својот најдобар пријател.
Сепак, меѓу нив двајца се појавиле искри.
„Го гледав како пуши. Само што бев престанала да пушам и само сакав барем накратко да дувне чад кон мене. Како што одминуваше вечерта, сè повеќе ми се приближуваше додека не се најдовме сосема блиску еден до друг“ раскажала таа.
На почетокот не сакале сериозна врска, но животот ги демантирал, па основале семејство и до ден-денес важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.

Бидејќи се долго заедно, поминале низ разни подеми и падови, а патиштата професионално им се испреплетувале неколкупати. Интересно е што и двајцата на големото платно се бакнувале со две исти актерки.
Станува збор за Натали Портман и Зои Салдана.

Имено, Кучер се бакнувал со Портман во филмот „Без обврски“ од 2011 година, а со Зои во комедијата „Погоди кој доаѓа на вечера“ од 2005 година.

Од друга страна, Кунис глумела со Салдана во филмот „После сексот“ од 2007 година, а со Натали снимила интимна сцена во филмот „Црн лебед“ од 2010 година.
Исто така, Кунис признала дека снимањето на таа сцена ѝ било непријатно, иако покрај колешката се чувствувала опуштено бидејќи биле блиски пријателки.
„Нат и јас бевме многу добри пријателки. Непријатно е затоа што ти доаѓа да се смееш колку е целата ситуација апсурдна. Но, истовремено покрај таа личност се чувствуваш сосема опуштено затоа што сте блиски. Се наоѓаш во чудна ситуација и се прашуваш: „Што правиме ние? Изгледаме како идиоти“ раскажала таа.








