Наставник нападнал ученик во училиште во Дебарско

Макфакс

26/11/2026

12:00

232

Големина на фонт

а а а

Во училиште во дебарско село, наставник физички нападнал ученик, а полицијата презема мерки за расветлување на настанот и поднесување на соодветна пријава.

Вчера во 18:30 часот во ОВР Дебар било пријавено дека во едно училиште во дебарско село, наставник физички нападнал ученик во школото.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

Против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.