Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за буџетот до 2034 година

Точка

26/11/2026

08:44

112

Големина на фонт

а а а

На дводневниот вонреден состанок ќе се разгледаат и финансирањето на Украина и изборот на ново раководство на Европската централна банка.

Лидерите на Европската Унија денеска и утре се среќаваат во Брисел на вонреден состанок на Европскиот совет. Главна тема е долгорочниот буџет за 2028–2034 година.

Според официјалната агенда, лидерите ќе разговараат и за финансиските потреби на Украина во 2027 година. Европската комисија на 18 ноември предложи дополнителна поддршка до 45 милијарди евра за таа година.

На дневниот ред се и именувањата во раководството на Европската централна банка. За денеска е најавен и самит на еврозоната во проширен состав.

 

Зградата „Европа“ во Брисел, архивска фотографија. Фото: Olnnu / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0

Насловна фотографија: Olnnu / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0.

Извори: Европски совет.