Филхармонијата вечерва го одбележува 82. роденден со „Заратустра“

Точка

26/11/2026

08:42

321

Големина на фонт

а а а

Британската трубачка Матилда Лојд ќе настапи како солистка, а со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен.

Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе го одбележи својот 82. роденден со концертот „Заратустра“. Во Концертната сала ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд, а оркестарот ќе го предводи диригентот Конрад ван Алфен од Холандија.

Според програмата на Филхармонијата, Лојд ќе го изведе Концертот за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан. На програмата е и тонската поема „Така зборуваше Заратустра“, опус 30, од Рихард Штраус.

 

Македонската филхармонија во Скопје. Фото: kallerna / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Насловна фотографија: kallerna / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

Извори: Македонска филхармонија и Вечер.