Неколку делови од општина Карпош денеска ќе останат без струја поради планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЕВН Македонија.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улицата Kозле – крак 6, како и корисниците од улицата Козле, општина Карпош;
– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците лоцирани кај улицата Варшавска 19/3, општина Карпош.








