Патник се обидел да ја отвори вратата на авион за време на лет во САД

Макфакс

25/11/2026

21:09

88

Големина на фонт

а а а

Авион на „Американ ерлајнс“ морал принудно да слета во Феникс откако патник се обидел да ја отвори вратата во текот на летот од Сан Диего кон Чикаго, а инцидентот предизвикал итна реакција од екипажот и патниците.

Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Сан Диего кон Чикаго, принудно слетал во Феникс откако патник се обидел да ја отвори вратата за време на летот, пренесува Еј-би-си 7.

Според полицијата во Феникс, мажот го напуштил своето седиште и одбивал да ги следи упатствата на екипажот да се врати на своето место, по што се обидел да ја отвори излезната врата.

Патниците му помогнале на кабинскиот персонал да го совлада мажот и да го задржи до безбедното слетување на меѓународниот аеродром во Феникс.

Мажот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница на преглед, додека останатите патници не биле повредени.

За инцидентот е известено и Федералното истражно биро (ФБИ), а американската Федерална управа за цивилно воздухопловство најави сопствена истрага.

Од „Американ ерлајнс“ им се заблагодарија на вработените за професионалноста, како и на патниците за помошта и разбирањето, нагласувајќи дека безбедноста е нивен главен приоритет.

По отстранувањето на патникот од авионот, летот продолжил кон Чикаго со задоцнување.