„Хјуман рајтс воч“ со извештај за враќање мигранти од Хрватска во БиХ

Точка

25/11/2026

17:30

135

Големина на фонт

а а а

Организацијата наведува дека мигранти, меѓу кои и деца, биле принудно вратени преку границата. Хрватското МВР ги отфрла наводите.

„Хјуман рајтс воч“ во извештај објавен на 24 ноември наведува дека хрватската полиција принудно враќала мигранти и баратели на азил во Босна и Херцеговина, во дел од случаите со употреба на сила. Меѓу засегнатите, според организацијата, имало и деца.

Организацијата бара Хрватска да ги запре колективните враќања и да им овозможи на луѓето на границата да поднесат барање за меѓународна заштита.

Хрватското Министерство за внатрешни работи во одговорот приложен кон извештајот ги отфрла наводите за принудни враќања и наведува дека мигрантите што пристигнуваат во земјата имаат пристап до постапката за меѓународна заштита.

Граничниот премин Горњи Бргат, архивска фотографија · Фото: Tiia Monto / Wikimedia Commons, CC BY 4.0.

Кавер: Dans / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.