Европската комисија казни три светски производители на мириси со 471,9 милиони евра за картел

Точка

25/11/2026

16:37

117

Големина на фонт

а а а

Европската комисија им изрече казни во вкупен износ од 471,9 милиони евра на „Фирмених“, „Гиводан“ и „Интернешнл флејворс енд фрејгрансис“ (ИФФ) поради учество во картел на европскиот пазар.

Европската комисија утврди дека три од најголемите светски производители на мириси разменувале деловно чувствителни информации за работата со „Унилевер“. Меѓу нив имало и податоци за цените што му ги нуделе на овој купувач, пренесува Ројтерс.

Стаклени шишенца за парфем

Стаклени шишенца за парфем. Фото: Angela Andriot / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0

Според Комисијата, „Гиводан“ и ИФФ разменувале информации и за поширокото работење со мириси за производи за широка потрошувачка и за фина парфимерија. Картелот траел повеќе од четири години, објави „Волстрит џурнал“.

Највисока казна доби „Гиводан“ – 252,4 милиони евра. Комисијата им изрече казни и на „Фирмених“ и ИФФ. Според Ројтерс, „Унилевер“ е најголемиот светски купувач на мириси за производи за широка потрошувачка.