Велосипедист од Скопје доби тешки повреди во сообраќајна несреќа кога беше удрен од патничко возило во центарот на градот. Увид на местото изврши полицијата.
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кочо Рацин“ со ул.„706“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(74) од Скопје и велосипед управуван од И.Е.(70) од Скопје.
Во несреќата со тешки телeсни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.








