Хрватска ќе исплати 300 евра божиќница за вработените во образованието и науката

Точка

25/11/2026

12:33

132

Големина на фонт

а а а

Исплатата на божиќниците почнува на 18 декември. На 3 декември почнува исплатата на по 100 евра за повеќе од 56.000 деца на вработени во двата сектора.

Хрватското министерство за наука, образование и млади објави дека од 18 декември ќе почне исплатата на божиќницата од 300 евра за повеќе од 85.000 вработени во образованието и науката што го остваруваат тоа право според колективниот договор.

Како што соопшти хрватското министерство, првата декемвриска исплата е најавена за 3 декември. Станува збор за по 100 евра за повеќе од 56.000 деца на вработени во двата сектора. За оваа исплата се предвидени 5,6 милиони евра.

Универзитетот во Загреб

Зградата на Ректоратот и Правниот факултет во Загреб, архивска фотографија · Фото: Suradnik13 / Wikimedia Commons · CC BY-SA 2.5

За божиќниците се обезбедени околу 25,5 милиони евра. Вкупната сума за двете исплати изнесува околу 31,1 милион евра.

Според толкувањето на колективниот договор што го пренесува Индекс, право на подарок имаат и вработените чие дете ќе се роди најдоцна на 6 декември, ако на тој датум се во работен однос кај работодавачот. Правото на божиќница е врзано за работниот однос на 25 декември.