Битола дава по 6.000 денари за млади што полагале возачки испит во друг град

Точка

25/11/2026

11:25

372

Големина на фонт

а а а

Општина Битола отвори јавен повик за покривање дел од дополнителните трошоци за младите што, поради прекинот на работата на битолскиот испитен центар, полагале возачки испит во друг град.

Еднократната поддршка изнесува 6.000 денари бруто по барател што ги исполнува условите. Како што е наведено во јавниот повик на Општина Битола, мерката покрива дел од дополнителните трошоци настанати поради полагањето надвор од градот.

Широк Сокак во Битола, архивска фотографија · Фото на каверот: Авторот е непознат / Wikimedia Commons · јавен домен

Општината предвидела вкупно 300.000 денари за мерката, доволно за најмногу 50 корисници. Средствата ќе се доделуваат до исцрпување на буџетот.

Саат-кулата во Битола, архивска фотографија

Саат-кулата во Битола, архивска фотографија
Фото: Mister No / Wikimedia Commons · CC BY 3.0

Рокот за поднесување барања е 15 дена од објавувањето на повикот. Условите и документацијата се достапни на страницата на општината.