СДС им даваше физиолошки, ДПМНЕ ниту тоа – Клековски арогантно се крие зад директорот на Онкологија за недостатокот на лекови велат од Левица

Макфакс

25/11/2026

10:20

119

Големина на фонт

а а а

„И денес пациентите кои се лекуваат на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија се без еден од најважните лекови во хемотерапијата, а вчера Клековски се огради од одговорност арогантно префрлајќи ја вината на директорот на клиниката, кој пак ја префрли вината на веледрогериите. Во апсолутна власт на ДПМНЕ, системските проблеми треба да се решаваат од коренот. Доколку има некои недостатоци, ДПМНЕ ја има целосната можност да направи законски измени и конечно да ја прифати програмската заложба на Левица за државна веледрогерija која може да интервенира во точно овие случаи!“, велат од партијата Левица.

„Клековски претходно ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. Значи, не станува збор за човек кој е нов во здравствениот систем, туку за функционер кој две години, иако неспособно, сепак раководел со клучни институции во јавното здравство кое е во колапс.

Недостигот на таксол не е административна препирка меѓу институции, туку прекин во лекувањето со последици што мора сериозно да се проценат, а одговорноста да ја сноси Клековски. Дали лекарот кој никогаш не лечел знае каков ќе биде епилогот од прекинувањето во редовните циклуси на хемотерапија на онколошките пациенти?

Дали ќе биде утврдена институционална одговорност за пропустите во снабдувањето?

Пациентите имаат доволно стрес во и така исцрпените јавни здравствени установи, во текот на терапијата и снаоѓањето низ лавиринтите. Не треба да ги интересираат тендерските постапки и спасувањето на нивниот живот да се сведува на “логистички пречки“ како што директорот на Онкологија, Игор Стојковски, изјави откако неговиот шеф ја префрли топката во негов терен“, соопштуваат од партијата Левица.